Росениор првпат се најде во проблеми, по него распукаа и фановите и критичарите!

by riste
1 минути читање

Поставеноста на играта на Челси од страна на тренерот Лиам Росениор наиде на многу критики и негодување од јавноста, неговите оправдувања на прес конференцијата изгледаа смешни.

Вчера Челси беше елиминиран од Арсенал во полуфиналето од Лига Купот на Англија откако го загуби и вториот меч против лондонскиот ривал.

Арсенал го доби првиот меч кој се играше на Стемфорд Бриџ со 3-2, па вчера со предност од еден гол го започна реваншот на Емирати.

Иако Челси требаше да брка победа, Росениор мечот го почна со пет дефанзивци. Кол Палмер влезе во игра дури во 60 минута.

Таквата игра наиде на големи критики од фудбалските експерти како Пол Мерсон, Џејми Реднап, но и навивачите.

На прес-конференцијата Росениор го правдаше својот пристап, но уште толку се заглави.

„Бев стручен коментатор, лесно е тоа. Лесно е да се кажува отпосле. Значи, ако тргнам офанзивно, високо и ако примиме два гола на почетокот, сите ќе велат: Што прави овој?. Тоа е реалноста на мојата работа, ако изгубите ќе бидете критикувани, ако победите сте генијe“, рече Росениор.

Тренерот на Челси подоцна зборуваше дека е задоволен од перформансите на тимот, а тоа ги налути фановите.

„Какви точни „перформанси“ Лиам? Се соочивме со тим кој имаше намера да не игра фудбал, а ти нè намести како да играме за нерешен резултат. Какви перформанси?“, искоментира еден.

Втор додаде: „Перформанси? Каква перформанси? Дали заборави дека ова не беше лигашки натпревар, туку нокаут ситуација?“

Трет се согласи: „Каки перформанси? Дури и не се обидовме“.

Останува да се види какво влијание ќе има овој пораз на Челси во наредните натпревари.

Во сабота во меч од Премиер лигата тие му гостуваат на Вулвс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×