Росениор потврди: Јас сум новиот тренер на Челси!

by riste
1 минути читање

Работата е завршена, Челси во текот на денот треба и официјално да го потврди Лиам Росениор за нов тренер, самиот тој потврди дека ќе ги води сините.

Брзо по отказот на Мареска, Челси го најде новиот тренер. Се работи за Лиам Росениор кој на Стемфорд Бриџ доаѓа од Стразбур.

„Ќе бидам нов тренер на Челси, еден од најголемите клубови во светот“, изјави Росениор.

„Да се биде тренер на Челси е неверојатна можност, ова е клуб кој е светски шампион“.

„Се враќам дома, ќе ги гледам децата, ќе потпишам за овој огромен клуб. Не можам да ја пропуштам оваа можност“.

„Тие 18 месеци во Стразбур беа моите најдобри досега“.

Росениор е роден во Лондон, неговото семејство е таму, па ангажманот во Челси е и негово враќање дома.

Оваа информација наскоро ќе биде потврдена и од Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×