Лиам Росениор ја почнува својата работа како тренер на Челси, а имаше и прес-конференција која наликува на првата на Жозе Мурињо на Стемфорд Бриџ.
Жозе Мурињо кога дојде во Челси меѓудругото рече да не го сфатат како арогантен, но тој е европски шампион и смета дека е посебен. Од тогаш го доби и прекарот „Посебен“ (The Special One).
Росениор на првата прес-конференција како тренер на Челси на сличен начин се пофали и тој како и Мурињо рече да не е арогантен но се испофали дека секаде каде што работел бил успешен.
Но, разликата меѓу двајцата е премногу голема.
Росениор пред да дојде во Челси беше тренер на Хал од каде доби отказ, а на Стемфорд Бриџ пристигна од Стразбур кој го остави на седмото место на табелата.
За разлика од Росениор, Мурињо во Челси пристигна откако со Порто двапати го освои португалското првенство, еднаш Купот на Португалија, Купот на УЕФА и Лигата на шампионите.
Португалецот за разлика од Англичанецот имаше подлога да биде арогантен, а Росениор се испофали самиот себеси иако ништо позначајно нема освоено во тренерската кариера, ниту еден трофеј.