Челси ја забележа третата победа по ред под водство на новиот тренер Лиам Розениор, триумфирајќи со 3-2 над градскиот ривал Вест Хем во возбудливото лондонско дерби.
„Сините“ се вратија од негатива од два гола и го свртија резултатот со голови во второто полувреме. По подолго време во првиот тим се вратија Палмер и Делап, додека на крилните позиции шанса добија Гарначно и Гитенс. Сепак, во првото полувреме Челси не успеа да создаде сериозна закана, додека Вест Хем, во најдобрата форма од почетокот на сезоната, максимално ја искористи предноста и на паузата замина со 0-2. Првиот погодок го постигна капитенот Боувен, а на 0-2 зголеми Самервил. Дополнителен удар за Челси беше повредата на младиот Гитенс, заменет уште во 26. минута.
Во второто полувреме, сепак, Челзи се врати на теренот целосно променет. Три замени на полувремето донесоа нов импулс, а домаќините почнаа да доминираат. Најпрво Жоао Педро го намали резултатот на 1-2 во 57. минута, а во 70. минута резервистот Кукуреља израмни на 2-2. Вест Хем се обиде да реагира со Адама Траоре, кој имаше свое деби, но на крајот уште еднаш се радуваа домашните навивачи, Енцо Фернандез ги постави конечните 3-2, со додавање од Жоао Педро.