Росела Сенси: Се’ што направи мојот татко за Рома е уништено

by
2 минути читање

Легендата на
Рома, Франческо Тоти се повлече од клубот по цели 30 години, тој по крајот на
својата професионална кариера доби функција директор на Римската волчица, но во
своето обраќање во јавноста посочи дека таквата одлука ја донел уште пред седум
месеци, тврдејќи дека бил со функција само на хартија, и ништо повеќе од тоа.

Тоти си замина од Рома: Американците сакаат да ги избркаат Римјаните од клубот!

Обвинувања до
американското раководство во италијанскиот прволигаш сега доаѓа и од Росела
Сенси, поранешната претседателка на клубот, како и ќерка на одамна починатиот
прв човек на клубот, Франко Сенси.

Таа говорејќи за
„Скај“ околу заминувањето на Тоти подвлече и некои работи кои се случуваат во
Рома, за што вели дека се
што
нејзиниот татко направил за клубот било уништено.

Бев убедена во
моментите кога му врачив менаџерска функција и договор на Тоти, денес имам
чудна насмевка бидејќи знам низ што помина Франческо, јасно ми е дека одлуката
падна со тешко срце. Знам дека има големо страдање кај него во разделбата со
клубот, го сакам како личност, премногу сум во блиски односи со него, исто како
и со навивачите на клубот кои се оддалечуваат од нешто големо
“ вели таа.

Со Франческо
јажето беше премногу стегнато, тие бараа премногу од него без притоа да му
дадат некоја посебна улога, беше правилно да се знае што се однесува на него, а
што не
“ додава таа и притоа „удри“ по сегашното раководство на клубот, пред се

кон претседателот Џејмс Палота, како
и неговата десна рака, Франко Балдини, инаку консултат во клубот за договори со
спонзори, интернационални односи и комуникација.

Балдини? Кога
беше мојот татко немаше посредници, никогаш не слушнав таа личност да му се
заблагодари на мојот татко, но, мислам дека тоа е еден карактерен проблем. Не
знам што се идните планови на Рома, да бидам искрена, ниту пак ги разбирам
истите
. Се надевам
објаснување на таа тема има Палота, се
што направи мојот татко за Рома е уништено“ заклучи Росела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани