Роналдо збесна за време на тренингот на Јуве (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во пресрет на
утрешната пресметка со Баер Леверкузен во рамките на последното коло од
групната фаза во Лигата на шампионите, Јувентус денеска го одработи
предвидениот тренинг, а традиционално, првите 15 минути од истиот беа од
отворен карактер за медиумите.

Првата ѕвезда на
италијанскиот првак, Кристијано Роналдо приреди мало „шоу“ за присутните
новинари кои го регистрираа тој момент, а станува збор за реакција од негативен
аспект за Португалецот.

Во текот на
тренинг сесијата за додавања, првиот допир со топката на Роналдо во еден момент
беше онаков каков што ни самиот Португалец веројатно не очекуваше, па следеше
нервозна реакција од негова страна.

Роналдо веднаш
потоа почна да ги шутира топките вон теренот, а да дојде до такво нешто
придонесоа и неговите соиграчи со нивните реакции претходно, по краток период
Португалецот го промени расположението и продолжи нормално со активностите.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/OzVPGNbXHq

Можно е и ова да ти се допаѓа

×