1,4K
Во шпанската јавност неодамна беше објавено дека Кристијано Роналдо има намера да ја купи Валенсија каде што навивачите не се задоволни од вложувањата на сегашниот прв човек Питер Лим.
Наводно Роналдо преку свои претставници веќе ги остварил првите контакти, меѓутоа има и услов за да дојде до сериозни преговори.
Шпанскиот новинар Џулијан Редондон повикувајќи се на извори блиски до клубот тврди дека Роналдо навистина сака да инвестира во клубот на Столе Димитриевски, меѓутоа клучно е Валенсија да остане во Ла Лига.
Во овој момент Валенсија се наоѓа на 15-тото место на табелата со 31 бод, четири повеќе од првиот тим под цртата во опасната зона.