138
ЦР7 не настапи за
Португалија во мечевите од групната фаза од Лигата на нации, па дуелот против
Швајцарија беше негов прв во ова ново натпреварување.
Кристијано
Роналдо вечерва уште еднаш блесна и со три гола и ја однесе Португалија во
финале. Тој го отвори резултатот со прекрасен гол од слободен удар во 25.
минута, но гостите изедначија преку Родригез во 57. минута од пенал.
Сепак, два доцни погодока на фудбалерот на Јувентус донесоа победа од 3-1. Роналдо најпрво во 88.
минута силно биеше на првата статива за 2-1, а потоа во 90. минута одлично се
снајде по една контра и погоди за 3-1.