Роналдо во немоќ, Португалецот на секаков начин се обидуваше да се ослободи од неговите „чувари“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Бранителот на титулата во Примера, Реал Мадрид не само
што заостанува осум бода зад лидерот Барселона по десет одиграни кола, туку
ситуацијата може да оди до таму што би можело да следи нова суспензија за
првата ѕвезда на тимот, Кристиано Роналдо, барем така наведуваат поедини медиуми.

Реал Мадрид со пораз од 2-1 се врати од гостувањето кај
Џирона викендов, а камерите го уловија Роналдо како во казнениот простор на домаќините
се служи со рацете во дуелот со Пере Понс, а видлив е и мал удар во лицето на фудбалерот на Џирона.

Тешко дека би можело да дојде до нова суспензија по една
ваква ситуација, но фрустрацијата е голема, Роналдо засега има слаб учинок во
Примера каде има постигнато еден гол во шесте досегашни настапи.

Португалецот веќе се соочи со слична казна, откако доби
суспензија од пет меча по физичкиот контакт кој го
оствари со главниот арбитар на првата пресметка со Барселона во Суперкупот на
Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани