Кристијано Роналдо со години е симбол на врвниот фудбал и вечен ривал на Лионел Меси. Иако Аргентинецот има повеќе трофеи и Златни топки, Португалецот и понатаму ја брка историјата и новите рекорди, иако двајцата веќе не се во европскиот фокус.
Роналдо и во дресот на Ал Наср продолжува да постигнува голови, но зад себе има необична статистика.
За првпат по 16 години, во една календарска година не успеа да постигне ниту еден хет трик, нешто што последен пат му се случи во 2009 година.
И покрај тоа, Роналдо останува рекордер меѓу активните фудбалери со 66 хет трика, што е повеќе од Меси. Наскоро ќе наполни 41 година, а освен личните рекорди, негова голема желба останува и освојувањето на титулата во саудиското првенство со Ал Наср.