Веста за наводното силување не е нова, „Шпигел“ уште пред година ипол објави дека постојат докази за вакво дело од документите кои ги објави „Фудбал ликс“ поточна преписка помеѓу Кристијано Роналдо и неговите адвокати, како и договор за тајност со девојка од САД на која и се платени 375.000 долари за да молчи.
Но „Шпигел“ сега ја обнови сторијата и објави интервју со девојката, 34 годишната Катрин Мајорга која сочно и во детали објасни што и се случило и како Кристијано Роналдо ја силувал во неговиот апартман во хотелот „Палмс“ во Лас Вегас.
Португалецот вчера во доцните вечерни часови одговараше на прашања од фановите во живо на Инстаграм и одвoи малку време да ги прокоментира и ваквите вести.
„Тоа се „фејк њуз“. Овие луше сакаат да бидат славни и тоа на моја сметка, со тоа што ќе го извалкаат моето име. Сето ова е дел од работата“ – порача фудбалерот на Јувентус.
Во меѓувреме, адвокатите на Кристијано Роналдо најавија дека ќе го тужат „Шпигел“.