195
Кристијано
Роналдо сруши уште еден неверојатен рекорд по мечот со Селта на гостински терен
каде Реал Мадрид славеше со 1-4.
Со двата гола во
Виго, Португалецот стана најдобриот стрелец во топ 5 лигите во Европа на сите времиња.
Португалецот го
сруши рекордот на легендарниот англиски фудбалер Џејмс Гривс зад кого стоеше
бројката од 366 погодоци, скор поставен пред 46 години.
Роналдо стигна до
367 погодоци и со тоа го сруши одличниот учинок на Гривс.