Кристијано
Роналдо одново е во фокусот поради своите испади на фудбалските терени,
Португалецот крираше нови сцени на синоќешниот натпревар помеѓу Ал Хилал и Ал
Наср во Суперкупот на Саудиска Арабија.
Фрустрациите на
напаѓачот почнаа во последните секунди од првиот дел, кога беше поништен гол на
Отавио за водство на Ал Наср од 0-1. Судиите сметаа дека Кристијано Роналдо од
офсајд позиција се обидел да игра со топката, па иако немало контакт, влијаел
на акцијата и поради тоа голот не е регуларен.
Случувањата
кулминираа во завршницата од мечот, кога Кристијано Роналдо непотребно влезе во
дуел крај аут линијата и при кошкањето со лакт го удри противникот, потег за
кој доби црвен картон.
Португалецот тешко
ја прифати одлуката, па замавна кон судијата и малку фалеше да направи сериозен
инцидент, за среќа се воздржа во последен миг.
¡Cristiano Ronaldo es expulsado! Y CR7 no oculta todo su enfado con el árbitro. #SSCenFOX pic.twitter.com/OCwbillPj5
— FOX Deportes (@FOXDeportes) April 8, 2024
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.