Кристијано Роналдо вели дека „Глоуб Сокер Авордс“ бил многу поискрен и пореален избор на најдобриот играч во светот откако оваа награда вечерва му припадна на Винисиус Жуниор.
ЦР7 удри по Франс Фудбал и „Златната топка“, Португалецот смета дека не било фер тоа што Родри ја добил оваа престижна индивидуална награда пред Винисиус Жуниор.
Фудбалерот на Ал Наср пораката ја испрати од Дубаи, каде вечерва се избираа најдобрите на церемонијата „Глоуб Сокер Авордс“.
„Винисиус ја заслужи „Златната топка“. Не беше фер тоа што му се случи, ова го кажувам јавно пред сите. Винисиус ја освои Лигата на шампиони, постигна гол во финалето. Кога некој ја заслужува наградата, треба да ја добие“ – вели Кристијано Роналдо.
„Но добро знаеме што прават тие, затоа ги сакам „Глоуб Сокер Авордс“, бидејќи изборот е чесен“.
Кристијано Роналлдо во минатото често „плачеше“ за изборот на „Златната топка“ и сметаше дека е „ограбен“ кога оваа награда заврши во рацете на Лука Модриќ