437
Кристијано Роналдо застана во одбрана на неговиот сонародник, Жоао Феликс по критиките кон него за преслабата во Ал Наср.
Многумина сметаа дека со трансферот во Саудиска Арабија, Феликс се откажа од елитниот фудбал и тргна по парите на шеиците.
„Идиоти кои не го разбираат фудбалот, а даваат свои мислења“, кажа Роналдо за критичарите на Феликс.
Кога играше за Бенфика Феликс важеше за еден од најголемите таленти во светот на фудбалот, но неговата кариера не се одвиваше според предвидувањата.
Па по авантурите во Атлетико Мадрид, Челси и Милан замина во Ал Наср.