Кристијано Роналдо се радува дека Манчестер јунајтед почнал да се менува откако тој си замина и вели дека Тен Хаг треба да го слуша Руд ван Нистелрој бидејќи тој добро го познава клубот.
Роналдо немаше добра разделба со Манчестер јунајтед, Португалецот без влакно на јазикот во интервју со Пирс Морган распука по клубот пред да си отиде. Тоа не им се допадна на многу навивачи, а најмалку на раководството и на Тен Хаг.
Но, откако Роналдо замина, Манчестер јунајтед направи промени во раководната структура, но и во тренинг центарот кој Кристијано посебно ги искриткува, беа донесени и повеќе скапи засилувања.
„Ако Тен Хаг со слуша Руд ван Нистелрој, можеби тој може да му помогне. Тој го знае клубот и клубот треба да ги слуша момците кои биле таму. Рио, Рој Кин, Сколс, Гери Невил, Сер Алекс Фергусон. Не може да го ре-изградите клубот без знаење“, вели Роналдо.
„На Манчестер јунајтед му треба време, тоа се уште е еден од најдобрите клубови, но потребни се промени. Тие го сфатија тоа. Тоа е единствениот начин. Почнаа да се менуваат, структурите на клубот, претседателот, инфраструктурата и се. Сопствениците на клубот инвестираат во тренинг центарот и среќен сум бидејќи работите се менуваат“.
„Не сум среќен со начинот на кој заминав, но во исто време не можете да контролирате некои сегменти од вашиот живот понекогаш, но тоа е веќе сторено“.
На Роналдо не му се допаѓа менталитетот на Тен Хаг, има критика за тренерот.
„Како тренер на Манчестер јунајтед, не може да речете дека ние нема да се бориме за да ја освоиме Премиерлигата или Лигата на шампионите. Ќе речете нешто како: можеби немаме потенцијал но ќе се обидеме. Треба да се обидете“.