Во февруари 2016,
Лео Меси стана првиот играч кој успеал да стигне до бројката од 300 погодоци во
најсилното првенство на Шпанија. Друштво сега му прави и Кристијано Роналдо,
ЦР7 со двата гола против Алавес стигна до 300 погодоци во Ла Лига.
Можеби ѕвездата
на Реал Мадрид две години подоцна влезе во престижниот клуб, но Португалецот
многу побрзо стигна до оваа бројка.
Имено, на Лео
Меси му беа потребни 334 натпревари за да постигне 300 погодоци, додека пак на
Роналдо му беа потребни 285 натпревари. Статистиката на ЦР7 навистина делува
импресивно, тој во просек постигнува нешто повеќе од еден гол по натпревар во
Ла Лига.
Но ова
достигнување на Кристијано Роналдо во моментов е признаено само од Реал Мадрид
и неколку весниците блиску до „Кралевите“. Според официјалната ститистика на Ла Лига,
Португалецот се уше е на прагот на магичната бариера и има 299 гола.