Кристијано Роналдо и покрај тоа заработи над милијарда евра во својат кариера продолжува и понатаму покрај фудбалот да биде активен и во бизнисот.
Сега тој одлучи да влезе и во светот на вештачката интелигенциј, вложувајќи пари во компанијата „Perplexity“.
„Perplexity“ е приватна американска компанија која функционира како пребарувач кој користи вештачка интелигенција. Купувањето на акциите го потврди самиот Португалец..
„Љубопитноста е услов за големина. Победуваш тогаш кога секој ден поставуваш нови прашања.
Затоа сум горд што можам да го најавам моето вложување во „Perplexity“. „Perplexity“ ја поттикнува љубопитноста ширум светот и заедно ќе ги инспирираме сите да поставуваат поамбициозни прашања“, објави Роналдо.
Инаку, „Perplexity“ важи за директен ривал на веќе добро познатиот „ЧатГПТ“.