Роналдо стана филозоф по изборот на Меси за најдобар, ЦР7 со книга во раката порача: Не можеш да направиш сè (ФОТО)

by
1 минути читање

Португалецот
синоќа не се појави на церемонијата во Милано на која ФИФА ги избираше
најдобрите, и втора година по ред ја игнорираше светската куќа на фудбалот.

Јувентус му „напиша
оправдание“ и соопшти дека Кристијано Роналдо се мачи со ситна повреда поради
која нема да биде во комбинација за дуелот со Бреша, на многумина сметаат дека
отсуството се должи на тоа што неговиот лут ривал Лео Меси ја доби наградата „Д
Бест“ за најдобар фудбалер во годината.

За разлика од
церемонијата на УЕФА во Монако од минатиот месец, љубителите на фудбалот немаа
прилика да слушнат изјава од Кристијано Роналдо ниту пак како тој ќе реагира на
изборот.

Сепак, ЦР7 по
крајот на церемонијата се огласи на социјалните мрежи, објави слика од својот
дом со книга во раце и постираше филозофска порака.

„Трпение и
истрајност се две карактеристики кои ги одвојуваат професионалците од
аматерите. Сè што е големо денеска, на почетокот било мало. Не можете да
направите сè, но направете сè што можете за да си ги остварите соништата. И
имајте на ум дека по ноќта секогаш доаѓа нов ден“
– напиша Португалецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×