Роналдо со нервозни гестикулации кон Сантош, селекторот откри каква порака испратил ЦР7 (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Португалија билетот
за мундијалот во Катар ќе го брка преку бараж откако синоќа во Лисабон загуби
во дуелот со Србија со гол во 90. минута. По последниот свиреж на судијата, Кристијано
Роналдо во неверица седна на теренот и почна да плаче. Подоцна, ЦР7 имаше
нервозна реакција кога селекторот Фернандо Сантош му пријде да се поздрават.

Се шпекулираше
дека фудбалерот на Манчестер јунајтед имал критики за тактичките замисли на
Фернандо Сантош, но селекторот откри каква порака испратил Кристијано Роналдо.

„Кажуваше дека
постигнал гол во последните минути и дека судијата не му го признал. Беше
нервозен, тоа е сосема нормално“
– изјави Фернандо Сантош.

Селекторот на Португалија
говореше за спорната ситуација на мечот во Белград, кога Кристијано Роналдо
погоди за 2-3, но помошник судијата не виде дека топката ја мина гол линијата,
па бодовите беа поделени.

Доколку судиите
не направеа голем превид и голот беше признат, Португалија сега ќе беше учесник
на Светското првенство а Србија ќе играше бараж.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани