Низ светот владее
пандемија на коронавирус, а со цел да се спречи ширењето на заразата, владите
го ограничуваат движењето на луѓето и им препорачуваат да седат дома.
Кристијано
Роналдо, кој во моментов е во карантин откако неговиот соиграч Даниеле Ругани
беше позитивен на Ковид 19, неодамна испрати апел сите да се придржуваат до насоките
на медицинските организации.
ЦР7 денеска
одново се огласи на социјалните мрежи за да ја подигне свеста кај своите следбеници
(околу 208 милиони на Инстаграм, над 83 милиони на Твитер и преку 126 милиони на Фејсбук) со моќна порака.
„Ако некогаш сте
сонувале да играте за милиони луѓе ширум светот, сега е вашата шанса. Играјте
внатре, играјте за светот“ – напиша Португалецот.