Кристијано Роналдо објави емотивна порака на социјалните мрежи пред првиот натпревар на Португалија на континенталниот собир, ги повика сите Португалци да му дадат поддршка на тимот.
Вечерва, Португалија против Чешка ја започнува својата авантура на ЕВРО 2024, па Кристијано Роналдо и се обрати на нацијата.
„Драги Португалци, денеска започнува ново поглавје во нашата историја. Убаво го паметам мојот прв ден со националниот тим, патување полно со предизвици и победи. Денеска, имам чест да бидам дел од тим полн со шампиони, полн со талент и одлучност. Со поддршката и силата на сите, соновите ги претвараме во реалност. Ајде заедно да се бориме за уште еден успех. Обединети, ние сме незапирливи. Напред Португалија!“ – напиша Кристијано Роналдо на социјалните мрежи.
За него, ова ќе биде 6-то Европско првенство и ќе се обиде по втор пат да стане шампион на Европа.
Portugueses,
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) June 18, 2024
Hoje começa mais um capítulo da nossa história. Lembro-me com carinho do meu primeiro dia com a seleção, uma jornada repleta de desafios e vitórias. Agora, tenho a honra de estar novamente ao lado de uma equipa de campeões, cheia de talento e determinação. Com a… pic.twitter.com/ITTwyDtfKe
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.