Роналдо со два прекрасни гола против Унгарија влезе во одбрано друштво (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ЦР7 стигна до 70
погодоци во дресот на Португалија откако вечерва постигна два прекрасни гола
против Унгарија.

Најпрво во првиот
дел биеше прецизно по земја од 20 метри за водство на шампионот на Европа од
2-0.

Потоа во второто полувреме од слободен удар ги постави конечните 3-0

Па Кристијано
Роналдо со новите два гола влезе во одбрано друштво и стана само четвртиот
играч од Европа кој има постигнато 70 погодоци во дресот на репрезентацијата.

Тоа им пошло од
рака само на Мирослав Клосе (71), Шандор Кочиш (75) и Ференц Пушкаш (84).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани