225
Трагичната смрт на Диого Жота и неговиот брат Андре во сообраќајна несреќа го потресе фудбалскиот свет. Меѓу првите кои реагираа беше и Кристијано Роналдо кои во португалската репрезентација ја делеше соблекувалната со Жота.
Роналдо преку социјалните мрежи испрати емотивна порака и изрази длабоко сочувство до семејството на починатиот фудбалер.
„Не можам да разберам. Само што бевме заедно во репрезентацијата, ми зборуваше дека ќе се венчаш. До твоето семејство, сопругата и децата, испраќам искрено сочувство и им посакувам сила за да го издржат ова. Знам дека секогаш ќе бидеш со нив. Почивајте во мир, Диого и Андре. Ќе ни недостигате“, објави Роналдо.