Роналдо си купи клуб од Примера! (ФОТО)

by
1 минути читање

Роналдо стана доминантен сопственик на акциите на шпанскиот клуб Ваљадолид.

Денеска на прес конференција беше потврдено дека за 30 милиони евра Роналдо купил 51 процент од акциите на Ваљадолид.

„Сакаме да го изградиме најдобриот можен тим кој ќе биде конкурентен во Примера, клубот ќе го менаџираме транспарентно. Сакаме да ги градиме успесите врз база на енузијазмот кој го има тука“, вели Роналдо.

Заедно, ве уверувам дека ќе биде многу тешко да не победат. Сакам сите да ни помогнете да го изградиме овој клуб, ги повикувам фановите да бидат дел од овој проект. Давајте ни идеи, мислења, критики и поддршка. Сакам да бидам дел од овој проект за сегашноста и иднината на Реал Ваљадолид“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×