Роналдо: Секогаш треба да чувствувате дека сте значаен дел за тимот, Зидан ме направи да се чувствувам посебен

by
1 минути читање

Под кормилото на
францускиот стратег, Роналдо на „Сантијаго Бернабеу“ мина две ипол сезони, а
португалската ѕвезда која моментално е член на Јувентус вели дека Зидан го
направил да се чувствува како
посебенво тимот
на Кралевите.

Самодовербата
која му е потребна на еден фудбалер не доаѓа од самиот фудбалер, туку и од
луѓето околу него, соиграчите, тренерот…
“ вели Роналдо.

Треба да се
чувствувате како важен дел од екипата во која настапувате, мене Зидан ме
направи да се чувствувам посебен
“ додава Португалецот.

Тој ми помогна
многу, јас имам голема почит кон него, но, соработката со него направи да го
почитувам уште повеќе од претходно, поради начинот на кој што делува како
особа, како зборува, како го предводи тимот и како ме третираше
“ вели Роналдо.

Зидан знаеше да
ми рече
Крис, опушти се
и играј ја својата игра, ти си тој
кој ќе ја направи разликата
,
тој секогаш беше искрен, затоа секогаш ќе имам голема почит кон него
“ заклучи
Португалецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани