Роналдо се заканил со заминување доколку Реал тргне по Азар!?

by
1 минути читање

Во последно време
се почесто се шпекулира дека „Кралевите“ сакаат да го направат Еден Азар новиот
„Галактико“.

Реал Мадрид е
спремен да искешира 100 милиони фунти за да го ангажира фудбалерот на Челси.

Но според
пишувањата на медиумите од Шпанија, оваа зделка не му е по мерак на Кристијано
Роналдо.

Дарио Гол
пренесува дека ЦР7 не сака статусот на прва ѕвезда да му биде нарушен од Еден
Азар па стапил во контакт со Флорентино Перез и му порачал дека ќе замине
доколку пристигне Белгијанецот.

Останува да се
види дали има вистина во ваквите стории, медиумите често пишуваат дека на
Сантијаго Бернабеу се слуша гласот на Кристијано Роналдо и Португалецот има големо
влијание врз трансфер политиката на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани