Португалија славеше со 3-0 против Ирска во последниот контролен натпревар пред Европското првенство, Кристијано Роналдо се врати во стартниот состав со два гола.
Кристијано Роналдо со два гола се загреа за континенталниот собир во Германија, напаѓачот се врати во стартниот состав на Португалија на контролниот натпревар со Ирска и покажа дека има многу да понуди.
Жоао Феликс го отвори резултатот во 18. минута, а потоа ЦР7 стапи на сцена.
По пет минути игра во второто полувреме, Роналдо прекрасно со лева биеше во аголот за 2-0 и ја крена публиката на нозе.
Cristiano Ronaldo's incredible strike into the top corner 😮💨🔥
— CentreGoals. (@centregoals) June 11, 2024
pic.twitter.com/1sjFrezSFr
По еден час игра, напаѓачот по втор пат ја затресе мрежата на гостиет, доби убава топка од Жота и биеше покрај стативата за 3-0.
CRISTIANO RONALDO WHAT A FINISH! 🤯 pic.twitter.com/5RaxpUlpUN
— TC (@totalcristiano) June 11, 2024