Роналдо се врати на тренинг, но…

by bojan
1 минути читање

Кристијано Роналдо денеска се појави на тренингот на Ал Наср, но нејасно е дали Португалецот ќе настапи против Ал Итихад во петок.

Кристијано Роналдо ја разбранува спортската јавност во Саудиска Арабија откако одби да настапи против Ал Ријад.

Популарниот ЦР7 се реши на еден ваков потег во знак на штрајк и трансферот на Карим Бензема во Ал Хилал.

И покрај протестите и најавите за заминување на Португалецот од Саудиска Арабија, зделката се реализираше и Французинот оваа недела го засили тимот предводен од Симоне Инзаги.

И додека се чека официјална реакција од Ал Наср, Кристијано Роналдо денеска се појави на тренинг.

Самиот напаѓач на социјалните мрежи сподели фотографија, но нејасно е дали тој ќе настапи против Ал Итихад во петок, или драмата ќе продолжи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×