Роналдо се враќа во тимот на Ал Наср, зад штрајкот се крие и еден голем гест на Португалецот

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Португалија објавија дека Кристијано Роналдо решил да го прекине штрајкот и ќе се врати во тимот на Ал Наср откако му биле исполнети барањата.

Кристијано Роналдо предизвика земјотрес во Саудиска Арабија кога реши да не игра за Ал Наср против Ал Ријад пред десетина дена.

Во прв момент се пишуваше дека ЦР7 е бесен откако Карим Бензема направи трансфер во Ал Хилал, главниот конкурент на Ал Наср за титулата.

Португалецот потоа одби да игра и против Ал Итихад, но последните информации велат дека тој ќе прекине со штрајкот и ќе се врати во тимот.

Наводно трансферот на Карим Бензема само ја прелил чашата, Критијано Роналдо имал и други замерки, односно неисплатени плати на дел од вработените во Ал Наср и соработниците.

Долгот сега бил подмирен, дополнително на своите функции се вратени директорите Жозе Семедо и Симао Кутињо (нивните позиции беа замрзнати во пресрет на зимскиот преоден рок), па за очекување е Кристијано Роналдо да го видиме на терените против Ал Фатех на 14. февруари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×