Под водство на Сер Алекс Фергусон, Кристијано Роналдо блесна на фудбалската
сцена и си обезбеди трансфер на Сантијаго Бернабеу.
Во дресот на Реал Мадрид, ЦР7 потоа стана еден од најдобрите фудбалери во
историјата и сруши еден куп рекорди
Вечерва тој со два гола го предводеше Реал Мадрид до победа од 4-1 над Јувентус
во финалето од Лигата на шампионите, и помогна „Кралевите“ да станат првиот тим
кој ја одбранил оваа титула.
По крајот на пресметката со Јувентус во Кардиф, Кристијано Роналдо во подтрибинскиот простор се сретна со Сер Алекс Фергусон и уште еднаш покажа дека има огромна почит кон својот ментор.
„Шефе како си” – му се обрати ЦР7 на Ферги и потоа имаше краток разговор со Шкотот.
Have a look at CRonaldo and Sir Alex!! pic.twitter.com/xT4fOCIU1i
— Jan Aage Fjortoft (@JanAageFjortoft) June 3, 2017