69
Голем број на
медиуми го дочекаа Кристиано Роналдо пред судот, за првото сослушување во однос
на случајот со затајување на данок од 14.7 милиони евра.
Утрово, како што
беше предвидено, Португалецот пристигна во судот во придружба на лица од Реал
Мадрид задолжени да го обезбедуваат, притоа и адвокати од британска адвокатска
канцеларија.
Роналдо ги
избегна новинарите кога дојде, истото го направи и кога си замина од судот.
Сослушувањето
траеше еден ипол час, а шпанските медиуми пишуваат дека Португалецот бил смирен во
судницата и јасен во тоа што го изјавил во своја одбрана.