Роналдо се огласи повторно по серијата нови написи дека силувал девојка (ФОТО)

by
2 минути читање

Минатата недела
„Шпигел“ се надоврза на сторијата од пред година ипол кога објави дека
Кристијано Роналдо во 2009 силувал девојка во САД и и платил 375.000 долари за
да молчи.

Весникот објави интервју за 34 годишната Катрин Мајорга која сочно и во детали
ги опиша настаните од пред девет години и како ЦР7 имал сексуален однос со неа
и покрај тоа што таа врескала, велела НЕ и барала фудбалерот да престане.

Кристијано
Роналдо во прв момент само кратко ја прокоментира оваа сторија и порача дека
таа е „фејк њуз“.

Но бурата никако
да се стиши, Катрин Мајорга поднесе тужба пред судот во Кларк Каунти, Невада а
полицијата од Лас Вегас повторно ја отвори истрагата која е започната во 2009.

Во муѓувреме,
медиумите секојдневно пишуваат на оваа тема и објавуваат фотографии и видеа од
таа ноќ. Со оглед на тоа дека сториите земаа се поголем замав, Кристијано
Роналдо реши одново да се огласи.

„Категорично ги
отфрлам обвинувањата изнесени кон мене. Силување е грозен криминал кој се коси
со се она што сум јас и во што верувам. Без разлика колку и да сум желен за што
побрзо да си го обелам образот, одбивам да долевам масло во оганот и овој
медиумски спектакл креиран од луѓе кои сакаат да се промовираат на моја сметка.
Имам чиста совест која ми овозможува со смиреност да ги чекам резултатите од сите истраги“
– гласеше пораката на Кристијано Роналдо на
социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×