Роналдо се огласи од болницата

by
1 минути читање

Денеска се појавија вестите за Роналдо кои го загрижија фудбалскиот свет, но нема простор за паника, тој е добар и уште утре ќе биде пуштен на домашно лекување.

„Пријатели, имав навистина непријатен напад на грип додека сум тука на Ибица и во петокот требаше да отидам во Болница, но сега се е во ред. Утре ќе бидам пуштен и ќе се вратам дома. Ви благодарам на сите за вашата љубов и љубезни пораки“, напиша Роналдо на својот твитер профил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×