705
Португалецот како
да заборави да постигнува голови во домашното првнество на стартот од сезоната
и до овој момент има само еден погодок зад своето име.
За разлика од Кристијано Роналдо, неговиот лут ривал Лео Меси игра во одлична
форма и веќе има 12 погодоци на своето конто.
Многумина
веруваат дека ЦР7 уште сега може да ја заборави „Пичичи“ наградата за најдобар
стрелец во Примера, но самиот играч не смета така.
Според емисијата
„Трансистор“ на радио станицата Онда Серо, Кристијано Роналдо со неколку соиграчи,
помеѓу кои и двајца капитени, се обложил дека ќе биде прв стрелец оваа сезона и
ќе го победи Лео Меси.
Сумите на која е
облогот е непозната, но парите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.