„Шпанските
даночни обврзници ги знаат сите детали околу моите приходи, сите ги открив.
Никогаш ништо не сум сокрил, ниту сум имал намера да избегнам плаќање на данок“
објави Роналдо.
Португалецот
вчера се изјасни во судот во Мадрид околу обвинението кон него дека сокрил
приход од 14,7 милиони евра.
Тој додава дека
се погрижил се да биде уредно подмирено во однос на сите работи околу него,
така и плаќањето на обврските кон државата во која престојува.
„Кога потпишав за
Реал основав специјален тим кој ќе управува со моите права на ликот, само за да
го задржам истиот принцип на работа кој го имав во Англија. Пред доаѓањето во
Англија адвокатите ми препорачаа слична компанија да основам и во 2004. година.
Таа работа е сосема нормална во Англија, и прифатена од тамошниот даночен
систем“ издвои Португалецот.