Роналдо сам има три пати поголема плата од целиот состав на Фросиноне

by
1 минути читање

По возбудувањата
и драмата во Лигата на шампионите, „Старата Дама“ се враќа на обврските во
домашниот шампионат. Јувентус утре гостува кај Фросиноне, и избраниците на
Масимо Алегри се апсолутни фаворити.

Разликата помеѓу
двата клуба, како во квалитет така и во економска состојба, е неспоредлива а за
подобро да се долови сето ова, медиумите од Италија пресметаа дека Кристијано Роналдо
сам има речиси три пати поголема плата од целиот состав на Фросиноне.

Португалецот има
нето плата од 31 милион евра (без бонуси и додатни награди), додека стартниот
тим и резервите на Фросиноне имаат нето плата од 11 милиони евра.

Најплатен играч
во редовите на домаќините е Џоел Кембел, кој има годишни примања од околу
850.000 евра. Кристијано Роналдо за само седум дена заработува речиси 600.000
евра.

Фросиноне во сезона
2015/16 се покажа како тврд оред, во Торино се избори за 1-1, а пред своите
фанови долго време му одолеваше на гигантот и потклекна дури во завршниот
период од мечот. Останува да се види колку отпор ќе може да пружи утре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×