Роналдо: Сакам да уживам во секој момент, немам уште многу од кариерата

by riste
1 минути читање

Кристијано Роналдо вели дека сака да игра уште неколку години, не знае кога ќе се пензионира, но свесен е дека нема уште многу за играње.

Роналдо игра во својата 40. година, но ќе одигра уште неколку сезони пред да објави крај на кариерата.

„Сакам да продолжам да играм уште неколку години, не многу… да бидам искрен. Се уште правам добри работи на теренот помагајќи му на мојот клуб и на Португалија. Па зошто да не продолжам? Сигурен сум дека кога ќе се пензионирам ќе бидам исполнет бидејќи сум дал се од себе“, вели Роналдо.

„Работата е да уживаш во моментот, немам уште многу години од играчката кариера, но од тоа малку време кое го имам, сакам да извадам најмногу што можам, да уживам во секој момент“.

„Имам филозофија на живеење од ден за ден. Без долгорочни планирања. Сега правам само краткорочни планирања бидејќи на тој начин ми е повозбудливо“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×