Роналдо: Не е точно дека Реал има среќа во ЛШ, тоа е најдобриот клуб во светот!

by riste
1 минути читање

Кристијано Роналдо вели дека бил многу среќен додека играл за Реал Мадрид, за него тоа е најдобриот клуб на светот и затоа на таков начин, со голови во финишот може да реши многу натпревари во своја полза.

„Реал Мадрид е најдобриот клуб во историјата! Јас бев многу, многу среќен таму“, вели Роналдо.

„Луѓето велат дека Реал Мадрид има среќа во ноќите од Лигата на шампионите, но тоа не е среќа, верувајте ми“.

„Тоа е само најдобриот клуб во историјата на фудбалот, толку“.

„На Бернабеу има поинаков вид на аура и во последните минути тие дури и не чувствуваат никаков притисок“.

„Јас станав најдобар стрелец во клубот, ние освоивме четири Лига на шампиони… ми беше задоволство“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани