Роналдо разочара во Германија, никогаш претходно не му се случило ова (ФОТО)

by bojan
2 минути читање
Роналдо

Кристијано Роналдо за прв пат не успеа да постигне гол во групна фаза на големо натпреварување, Португалецот ја тресеше мрежата во групите на 10 Европски и Светски првенства во низа.

Грузија денеска приреди огромно изненадување, ја совлада Португалија за историска прва победа на Европско првенство, и историски пласман во осминафинале.

Мечот беше особено фрустрирачки за првата ѕвезда на Португалија, Кристијано Роналдо.

Напаѓачот во неколку наврати имаше што да му каже на судијата, и доби жолт за протести, а потоа беше бесен и клоцаше кога беше повлечен од игра во 66. минута од мечот.

Со бледото издание тој стави крај на една убава серија која траеше од неговото прво Европско првенство во 2004 и за прв пат не постигна гол во групна фаза на големо натпреварување.

Кристијано Роналдо ја тресеше противничката мрежата во групите на 10 Европски и Светски првенства во низа, но сега во Германија неговиот голгетерски учинок по првите три натпревари е 0.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани