149
Кристијано Роналдо конечно е во Торино, но пред да почне со некои посериозни активности, ќе треба да помине во 14 дневна изолација во својот дом во Италија.
Португалската ѕвезда во својата Мадеира замина на 9 март, веднаш по мечот против Интер, брзо потоа беше прекината лигата поради коронавирусот, па тој остана таму до синоќа.
Фудбалските клубови во Италија деновиве полека треба да почнат со индивидуални тренинзи почитувајќи ја мерката за физичка одалеченост, а потоа треба да стартуваат и групните сесии, по што ќе продолжи сезоната доколку владата во Италија даде зелено светло.