Зинедин Зидан ја отфрли можноста Роналдо да се врати во Реал Мадрид како што тој го направи тоа. Но Португалецот не ни размислува за тоа бидејќи му е убаво во Италија.
„Среќен сум што сум во Италија, во така одлична лига. Искуството мое досега е многу добро. Се чувствувам добро, се адаптирав на италијанската лига која е тешка за играње“, вели Роналдо.
„Според мене, најтешко им е на напаѓачите. Лигата има многу квалитет. Не очекував дека италијанската лига е толку квалитетна. Потешко е да постигнеш гол во Серија А отколку во Примера каде што се игра понапаѓачки фудбал“.
„Во Шпанија екипите превземаат повеќе ризик, додека тука приоритет е да се одбраните добро а потоа да нападнете. Во Шпанија тоа не е случај. Речиси секогаш натпреварите се отворени“.
„Пет години играв и во Англија, но мислам дека во Италија е најтешко да се постигне гол“.
„Тука сум среќен, мојата фамилија и децата се среќни. Се е позитивно. Добро се прилагодивме, ја сакаме Италија. Животниот стил е понаков, поинаква земја, понаков јазик, друга култура, но се адаптирав добро“.
„Живеам надвор од дома од 11 години, па немам проблеми да се адаптирам. Отидов во Англија кога имав 18, во Мадрид кога имав 25 и сега во Торино на 33 години. Не ми е тешко да се прилагодам на друга земја и култура. Не ми недостасуваат Шпанија или Португалија. Работите се такви какви што се“.
„Јасно е дека зад себе оставив многу пријатели, оставив голем клуб. Заминав од голем клуб кој ми даде многу љубов, фанови, пријатели… Како и да е, не ми недостасува земјата бидејќи истите работи ги имам и тука. Не беше тешко за мене. Среќен сум“.