Роналдо потврди дека сака да остане во Саудиска Арабија, но нејасно е во кој клуб

by riste
1 минути читање

Актуелниот договор на Роналдо со Ал Насри истекува по крајот на сезоната, засега нема постигната согласност за продолжување на соработката меѓу двете страни, а со тоа станува неизвесна иднината на Португалецот.

Тој јасно вели дека сака да остане во Саудиска Арабија каде му е убаво за живот.

„Среќен сум во Саудиска Арабија и моето семејство е среќно. Започнавме нов живот во оваа прекрасна земја“, вели Роналдо.

„Сакам да направам нешто за овој клуб, да ја освојам Азиската Лига на шампиони. Ќе се обидувам да се борам напорно за да му помогнам на Ал Наср да освои титули. Верувам дека ова ќе биде добра година за Ал Наср“.

Има шпекулации дека Роналдо би можел да премине во Ал Хилал кој е поконкурентен за трофеи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани