Зинедин Зидан со
апел до предводникот на својот тим, Кристиано Роналдо да остане во тимот на
Реал Мадрид.
Познато е дека на
големо се шпекулира дека Роналдо наводно не сакал да остане во Мадрид и бара
заминување од клубот, па шпанските медиуми пренесуваат дека Зидан кој
моментално се наоѓа на одмор со своето семејство во Италија, остварил
телефонски разговор со својот фудбалер убедувајќи го да остане во тимот,
бидејќи му бил и повеќе од потребен.
Неколку медиуми
во Шпанија пишуваа дека една од причините поради желбата на Роналдо да си
замине од Реал Мадрид е обвинението кое беше покренато против него за
затајување на данок во износ од 14.7 милиони евра.
На оваа тема се
пишува дека Реал Мадрид во обидите да го убеди својот најдобар фудбалер да
остане во своите редови, може да оди до таму што дури и би му ги подмирил
долговите на Португалецот.
Извор/Фото:
marca.com