Роналдо постигна хет-трик и направи нов рекорд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Роналдо даде три гола во победата на Португалија над Луксембург од 5-0. По еден гол постигнаа Бруно Фернандеш и Палиња.

За Роналдо ова беше 10. хет-трик во репрезентацијата. Тоа е рекорд, никој досега во националниот дрес не успеал да постигне 10 хет-трика.

Во кариерата вкупно ова за него беше 58. хет-трик.

Во оваа група Србија со 3-1 беше подобра од Азербејџан. Влаховиќ постигна два гола, еден беше дело на Тадиќ.

Следното коло веројато ќе биде одлучувачко за првото место во оваа група, Португалија ја пречекува Србија. На Србите им е потребна победа.

Србија е прва со 17 бодови, Португалија има 16 бодови, но и натпревар помалку, па тие се во пол позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани