Португалскиот суперстар Кристијано Роналдо продолжува да го буди воодушевувањето оваа сезона. Напаѓачот на Ал Наср се врати во тимот по повеќе од месец дена пауза поради повреда и веднаш остави впечаток, постигнувајќи два гола во победата на својот тим над Ал Наџма со 5-2.
Роналдо ги постигна третиот и четвртиот гол, еден од пенал и еден од игра. Со овие два погодоци, тој ја зголеми својата бројка на 967 голови и му остануваат уште 33 за да ја исполни својата голема цел од 1.000 погодоци на официјални натпревари.
Повредата го оддели од терените крајот на февруари, а се шпекулираше дека можеби ќе го пропушти и Светското првенство. Сепак, сега е јасно дека нема опасност Португалија да биде без неговите услуги.