Роналдо пак си ја кажа маката: Сакам само да не ме свират на Бернабеу (ВИДЕО)

by
2 минути читање

ЦР7 вечерва
постигна хет-трик со кој го доближи Реал Мадрид до финалето од Лигата на
Шампионите и притоа сруши неколку рекорди.

Но очигледно
публиката на Сантијаго Бернабеу има високи стандарди и критериуми кои се недостижни и за ЦР7, па од
време на време можеше да се слушне и по некој свиреж.

При прославата на
хет-трикот, Португалецот направи гест кон публиката со кој покажа дека наместо
свирежи треба да дадат аплауз.

По крајот на
натпреварот, запрашан за овој потег, Роналдо рече: „Сакам само да не ме свират,
секогаш го давам максимумот
.

За победата од
3-0 над Атлетико, тој додаде: „Целиот тим заслужува честитки, сите беа
феноменални
.

„Игравме добро од
почеток до крај, головите си дојдоа сами по себе
.



Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани