Кристијано Роналдо вели воопшто не му била тешка одлуката да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Јувентус.
„Некои работи во живото се случуваат со причина, таков е случајот и тука. Никогаш не очекував дека ќе играм во Јувентус, но работите дојдоа по природен пат. Како што знаат сите, Јуве е еден од најдобрите клубови во светот, па мојата одлука беше лесна. Се разбира, тоа што го направив во Реал Мадрид беше неверојатно. Освоив се во тој клуб и имав пријатели и фамилија таму, но лесна беше одлуката да се преселам во Јувентус. Тие направија се за мене и ми дадоа можност. Сакам да креирам историја и со овој клуб“, изјави Роналдо.
„Животот во Торино ми е многу добар, многу сум среќен. Имаме добар тим, пријатно сум изненаден. Цело време работиме напорно. Немаме лесен ден. Ми се допаѓа начинот на кој тренираме, менталитетот. Сите се многу, многу професионални, затоа уживам тука“.