535
Кристијано Роналдо беше една од многуте ѕвезди кои беа присутни во Ријед на спектакуларниот меч меѓу Олександер Усик и Тајсон Фјури.
Мечот се одржа во Ријед, Саудиска Арабија, па Роналдо беше една од главните ѕвезди во салата. Од поранешните фудбалери беше и Стивен Џерард, а од актуелните Нејмар.
Роналдо седеше во првиот ред до Ентони Џошуа, во еден момент пристигна и Нејмар кој се поздрави со Португалецот.
Мечот меѓу Усик и Фјури траеше 12 рунди, на крајот Украинецот победи со одлука на судијата. Двајца од судиите му дадоа предност нему, а еден на Фјури.
Најинтересните моменти од мечот: