Кристијано Роналдо ќе го чека рестартот на првенството по паузата за репрезентативен настап за да го постигне првиот гол во дресот на Јувентус.
ЦР7 и вечерва против Парма не успеа да го најде патот до мрежата. Португалецот е играчот кој има упатено најмногу удари во петте најсилни првенства во Европа, но се уште нема погодок зад своето име.
Јуве одлично го започна гостувањето на Енио Тардини, Манџукиќ извонредно се снајде во 2. минута и ја затресе мрежата на домаќините. Лошиот почеток не ги обесхрабри играчите на Парма, кој од слободен удар ја затресоа пречката во 14. минута.
Домаќините дојдоа до изедначување во 33. минута. по едно нафрлување од левата страна, Инглесе ја допре само малку топката и го збуни Шчесни, кој излета во празно и му овозможи на Жервињо да донесе 1-1.
Но Јувентус не дозволи изненадување и во 58. минута се врати во предност. Манџукиќ со пета остави топка за Матуиди кој биеше по земја за 1-2 и нови три бода за шампионот на Италија.